“Ретвитни Оброк”: Готвиме порано, готвиме празнично

Сподели

“Ретвитни оброк: – Готвиме порано, готвиме празнично, 3.август, “Мајка Тереза”

И оваа сабота делиме оброци за нашите сограѓани и секој е добредојден да се вклучи:

-Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот кај спомен куќата на Мајка Тереза (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата)

– Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност.

Доколку сакате да ни помогнете со готвење во петок, вратите во Гласност ќе бидат отворени од 14 часот.