РФМ денеска ќе одржи Изборно собрание

Сподели

 

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска со почеток во 18.30 во просториите на Собранието на Град Скопје ќе одржи Изборно собрание. Се очекува делегатите да му дадат едногласна поддршка и нов четиригодишен мандат на актуелниот претседател Живко Мукаетов.

Претседателот на РФМ со својата работа, вложување и посветеност покажа како треба да функционира една федерација, а признанието стигна и од самите клубови кои пред една година му дадоа едногласна поддршка при неговата оставка како морален чин по неуспешните квалификации во Полска за Олимпијадата во Рио.

Сениорската репрезентација на Македонија на неодамнешното Светско првенство во Франција ја исполни првичната амбиција, поминување на групната фаза, а Мундијалот го заврши со две победи, еден нерешен резултат и три порази.