На денешната вонредна седница на Риасетот на Исламската заедница, мнозинството муфтии одлучи да го разреши поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи.
Мнозински став во исламското тело бил дека Реџепи и штети на организацијата и на нејзиното реноме.
До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија, Шаќир Ефенди Фетаху.