“Компаниите од енергетскиот сектор да се воздржат од исклучување на корисниците од струја, парно или вода поради неплатени сметки”, порачаа денеска од Регулаторната комисија за енергетика. Оваа препорака регулаторот бара да се почитува во следните две недели. Целта, како што велат регулаторите е да се покаже малку хуманост поради корона вирусот.
„Во оваа вонредна состојба со ковид-19, кога е прогласена пандемија од СЗО и има одлука од Владата за превенција од ширење на корона вирусот, РКЕ препорачува во следните две недели компаниите вршители на енергетски дејности, како и јавните претпријатија што се даватели на водни услуги, да се воздржат од исклучување поради неплатени сметки“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.