Меѓународент натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” ќе се одржи од денеска 12 мај до 17 мај, во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
“Ова собиралиште на млади иноватори и експерти, по 13-ти пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 учесници од земјата и странство, што го прави најголем настан од ваков карактер на нашите простори.
Преку оваа платформа, студентите ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници.
Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија”, информираат од ФЕИТ.
