РСБСП со совети за возење на снег

Сподели

 

Возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата.

 

 

РСБСП советува:

• во возилото секогаш носете зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.),

• возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите),

 

 

• проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл.,

• користете зимски гуми,

• исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото,

• возете внимателно и со намалена брзина,

• одржувајте растојание од другите возила,

• избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот.

БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ И СОВЕСНИ ВОЗАЧИ.  ВОЗЕТЕ БЕЗБЕДНО ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ.