РСЕ: Отворени досега запечатените простории во Собранието

Сподели

По наредба на Јавен обвинител полициски службеници денеска ги скршија печатите и ги отворија вратите на прес-центарот во Собранието каде се одвиваа најголем дел од насилните инциденти минатиот четврток, кога беа нападнати дел од пратениците и новинарите, реагирајќи на изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер, пренесе Радио Слободна Европа.

Полициските претставници не дозволија снимање во просторијата на прес центарот додека трае увидот, а новинарските екипи чија што техника настрада за време на насилствата си ги земаа своите работи.

Во Собранието се уште не се оддржуваат пленарни седници, но исчистени се просториите и собрани се сите остатоци од искршени предмети ноќта кога се случуваа нередите