РСЕ: Партиите чекорат кон избори

Сподели

29CF10E3-1385-49B3-A44C-25801E72DC8D_w987_r1_s

Веќе не постојат отворени прашања меѓу партиите за организирање избори, но аналитичарите стравуваат од можни опструкции.

Измените во законите за влада, МВР и медиуми кои вчера ги договорија претставниците на четирите најголеми партии во земјава, најверојатно ќе бидат усвоени на собраниска седница до петок. Извори од партиите велат дека законските измени се однесуваат на тоа што го пишува во договорот од 20 јули, па според тоа не очекуваат какви било опструкции во однос на нивното усвојување. Веднаш по усвојувањето на измените, институциите треба да почнат со спроведување на договореното од Пржино. Крајната оценка за спроведеното треба да ја дадат лидерите на четирите партии кои на 31 август ќе седнат на заедничка маса и ќе потврдат дали условите за одржување на фер и демократски избори се усвоени и дали 11 декември е датумот за предвремените парламентарни избори.

Текстот во целост прочитајте го тука

 

Марија Тумановска

slobodnaevropa.mk