Русија ја регистрираше првата вакцина против COVID 19 – вакцинирана ќерката на Путин

Сподели

 

Русија е прва земја во светот која регистрираше вакцина против корона вирусот Ковид 19, изјави денескa рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со владата, пренесуваат светските агенции.

Првата регистрирана вакцина против Ковид 19 заеднички ја развиваа истражувачкиот институт „Гамалеја“ и министерството за одбрана на Русија.

Клиничките испитувања на вакцината започнаа на 18 јуни и сите 38 доброволци развиле имунитет.

 

 

Путин во изјава за RT (Rusia Today) рекол дека вакцината ја примила и неговата ќерка. Таа по вакцинацијата имала блага температура која брзо и се симнала.

Знам дека е доста ефикасна, создава силен имунитет и повторувам, ги помина сите потребни проверки“, изјави Путин.

Рускиот претседател изрази надеж дека брзо ќе почне масовното производство на првата вакцина против Ковид 19, нарекувајќи ја важен чекор за целиот свет.