Руската амбасада во Скопје со реакција за изјавата на Заев за протераниот амбасадор

Сподели

 

Руската амбасада во Скопје, преку нејзиниот Твитер профил, реагираше на изјавата на премиерот Заев дадена за ТВ 24, каде тој изјави дека протераниот руски дипломат, недозволливо се однесувал во Македонија и дека неколку пати тој бил предупредуван, но тој и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не бил акредитиран во земјава.

“Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше за нас изненадување. Никогаш не сме добиле никакво предупредување ниту доказ за кои говори премиерот. Ние и натаму сметаме дека овој чин е неоснован и дека нанесува штета на руско-македонските односи.”