Амбасадата на САД во Македонија вчера во објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ праша „Kои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“
По неколку часа одговор стигна од Руската амбасада велејќи дека решението за загадувањето е „Турски тек“.
„Сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од американската амбасада кои бараат идеи за намалување на загадувањето на воздухот. Турски тек“, напишаа од руската амбасада на Твитер.