САД: 8.НОЕМВРИ – ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2016

Сподели

united_states_of_america_presidential_election_2016

Американските претседателски избори се одржуваат секои четири години во вторник, по првиот понеделник во ноември.

Се гласа во еден круг посебно во секоја од 50 американски сојузни држави и градот Вашингтон (Дистрикт Колумбија). Победата во некоја држава одредува како ќе гласаат членовите на изборниот колегиум, орган кој потоа ќе го избере идниот претседателот на САД.

Изборниот колегиум има 538 членови. Сојузните држави во изборниот колегиум се застапени пропорционално на бројот на жителите. Калифорнија, како најмногубројна американска држава има најмногу електори (55), а по неа се Тексас (38), Њујорк и Флорида (по 29).

Од друга страна, слабо населените држави како Аљаска, Вермонт, Далавер, Вајоминг или Монтана имаат само по три електори.

Членовите на изборниот колегиум го бираат претседателот и потпретседателот на 19 декември, но тоа е само формалност.

Победува кандидатот кој ќе освои 270 електори, апсолутно мнозинство од 538.

Со два исклучоци во сојузните држави владее начелото „победникот носи се” – кандидатот кој во таа држава ќе освои мнозинство гласови, независно со која разлика, ги освојува сите нејзини електори. Исклучоци се Небраска и Меин, кои електорите ги делат сразмерно со бројот на освоените гласови.

Системот „победникот носи се” практично на кандидатите од третите партии им оневозможува да влезат во Белата куќа.

Некои држави, традиционално гласаат за демократите, други историски се за републиканците. Поради тоа кандидатите во кампањите се фокусираат на тие 10 држави кои од избори до избори ја менуваат страната.

 Тие се нарекуваат „држави-арени”. Меѓу нив се најважни тие со најголем број на елекори како Флорида (29), Пенсилванија (20) и Охајо (18).

Американците на 8 ноември нема да гласаат само за претседател. Се бира и нов состав на Парламентарниот дом Конгресот (435 пратеници).

Во постоечкиот состав мнозинство имаат републиканците со 246 конгресмени. Аналитичарите сметаат дека демократите нема да ја вратат контролата над Конгресот, но би можеле да ја намалат разликата во бројот на пратениците.

Мандатот во Пратеничкиот дом трае две години.

Ќе се бира и третина од составот на Сенатот. Мандатот во Сенатот трае шест години, но секоја изборна година се бира третина од составот. Републиканците и во тој дом имаат мнозинство (54 сенатори), но постои можност демократите да им земат четири мандати и односот да биде 50-50. Во тој случај одлучувачки глас има американскиот претседател Ако победи Хилари Клинтон на претстојните избори, таквиот расплет би значел дека демократите се посилни во Сенатот, пишува Хина.

12 од 50 американски држави утре ќе бираат и нови гувернери.

Во САД ќе се одржат и 157 разни референдуми за различни прашања. Во Калифорнија, на пример, ќе се одлучува дали порнографските глумци ќе мора да носат кондоми, во некои држави граѓаните ќе се изјаснуваат за легализација на марихуаната, во други за минималните плати.

Исто така, се бираат илјада административци на локално ниво, градски советници, судии, градоначалници и шерифи.

Право на глас имаат околу 225 милиони Американци, но податоците од претседателските избори во 2012 година покажуваат дека само 71 отсто се регистрирале за гласање. На крај одзивот бил нешто под 54 отсто.