САД го осудија апсењето демонстранти во Русија

Сподели

САД ги оценија синоќа како навреда на демократијата апсењата на стотици лица, кои во Русија протестираа против корупцијата, и изразија вознемиреност поради приведувањето на антикорупцискиот активист Алексеј Навални.

„Ја повикуваме владата на Русија веднаш да ги ослободи сите демонстранти кои учествуваа на мирните протести“, се наведува во изјавата на Стејт департментот.

Навални беше уапсен откако тој се појави со соработниците од една метро станица во центарот на Москва. Навални кој најави дека ќе учествува на претседателските избори догодина им порача на поддржувачите да ги продолжат протестите и без него. Се уште не е познат точниот број на приведени, но се претпоставува дека ги има околу 500.