САД и официјално излегуваат од СЗО

Сподели

 

По спорот околу постапувањето во корона-кризата САД за една година и официјално ќе и го завртат грбот на Светската здравствена организација. Американскиот претседател Доналд Трамп го најави овој потег кон крајот на мај, пренесува Дојче веле.

Соединетите Американски Држави и официјално ја напуштаат Светската здравствена организација (СЗО) која ја обвинуваат дека лошо управувала со пандемијата со коронавирусот и оти делувала како марионета на Кина, која беше почетна точка на избувнувањето на заразата.

Обединетите нации објавија дека мерката стапува на сила во 6 јули 2021 година.

Веста за повлекувањето на САД од СЗО прв ја пренесе сенаторот Роберт Мендез, кој на Твитер напиша оти Конгресот добил текст во кој Трамп официјално ја повлекува земјата од оваа организација.