Во патните исправи на лицата од САД ќе има посебна ставка доколку станува збор за злоставувач на деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека за лицата за кои е откриено дека извршиле сексуална злоупотреба на деца, ќе им биде откажана патната исправа и ќе треба да поднесат барање за нова патна исправа, во која ќе биде наведено кривичното дело што го извршиле.
Во соопштението се наведува дека во внатрешниот дел на последната страница од новата патна исправа ќе биде внесен текстот: „Лице што има извршено сексуална злоупотреба на незаштитени, малолетни лица и (според американските закони) зазема место во категоријата на сексуални престапници“.
Се истакнува дека лицата кои се осудени за злоупотреба на деца нема да имаат поинаква патна исправа.
Министерството за надворешни работи, кое ги издава патните исправи, соопшти дека од Одделот за имиграција и царинска контрола, кој делува во рамките на Министерството за внатрешни работи на САД, ќе добијат листа со вакви лица, кои подоцна ќе бидат дополнително информирани.
Сопствениците на патните исправи кои ќе бидат опфатени со новите законски регулативи, ќе можат да патуваат со постоечките патни исправи сѐ додека новиот закон не влезе во важност. Не беа дадени информации кога Одделот за имиграција и царинска контрола ќе ја состави листата.
Од друга страна, Министерството за надворешни работи соопшти дека информациите што ќе бидат внесени во патната исправа нема да го спречат излезот од САД при нивните патувања и нема да влијаат врз рокот на траење на патната исправа.