САД: ПОВИК ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ДВА МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЗАРАДИ УРАГАНОТ МЕТЈУ

Сподели

uragan-metju-4

Ураганот Метју се насочува кон Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина и околу два милиона лица од крајбрежните зони во источните американски држави добија повик да се евакуираат.

Тоа е најмоќното невреме во САД и во регионот на Карибите во изминатата деценија. Метју е од трета категорија и е со брзина од 190 километри на час.

Во сојузната држава Вирџинија 44 авиони, меѓу кои и ултрамодерни Ф-22 ја напуштија воено воздухопловната база Лангли Јотис и се упатија кон безбедно место во сојузната држава Охајо. Воено воздухопловната база Чарлстон во Јужна Каролина испрати во внатрешниот дел на државата 29 воени авиони. Три воени бродови превентивно го напуштија пристаништето Мејпорт во Флорида и се упатија на север.

Ураганот премина преку Бахамите и се очекува вечерва да се доближи до атлантското крајбрежје на Флорида.

Во налетот на Метју според последните проценки на Хаити и во Доминиканската Република загинаа 25 лица.

САД им пружаат помош на Хаити во обновувањето од штетите по преминувањето на Метју. Се очекуваат девет американски воени хеликоптери да пристигнат во земјата подоцна денеска. Хеликоптерите ќе бидат упатени во областите, кои се најзасегнати од ураганот и ќе учествувата во испраќање итна помош за настраданите. За таа операција се мобилизирани 150 до 200 американски војници. Подоцна денеска во главниот град на Хаити ќе пристигне и единица, која ќе ги командува активностите на американските војници во операцијата на Хаити.

Три американски воени бродови, меѓу кои и брод болница и носач на авиони се насочија кон Хаити.

Метју освен Бахамите, Хаити и Доминиканската Република ги погоди и Јамајка, Колумбија и Куба.