SEATTLE (АА) – Четири лица се убиени за време на престрелката во еден трговски центар северно од Сиетл, соопштија официјални претставници на американската држава Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Вашингтон Стејт Патрол на Твитер профилот објави дека четири жени се убиени во престрелката што се случи во петокот вечерта во продавницата Мејси во центарот на Каскада во Бурлингтон, кој се наоѓа 105 километри северно од Сиетл.
Полковникот Марк Френсис рече дека безбедносните сили се во потрага по човекот во црно кој бил вооружен со пушка. Тој додаде дека трговскиот центар е евакуиран, а итните медицински служби добија дозвола да влезат и да им се помогне на евентуално повредените.
Стефани Бозе, асистентката на генералениот менаџер на италијански ресторан Џони Карино кој е во близина на продавницата Мејси, рече дека откако слушнала пукање ја заклучила вратата на објектот.
Каскада Мол е затворен трговски центар во Бурлингтон, кој беше отворен во 1990 година.