САД: Судот го отфрли барањето на Трамп за деблокирање на уредбата за имиграција

Сподели

Американскиот Апелационен суд денес го одби барањето на Министерството за правда на САД повторно итно да се стави во сила регулативата за забрана на влез во САД за бегалци и граѓани на седум претежно муслимански земји, пренесува Anadolu Agency (AA).

Администрацијата на Доналд Трамп во саботата вечер поднесе жалба против суспензијата со којашто судот ја блокираше одлуката за забрана за влез на бегалци и граѓани на седум главно муслимански земји. Трамп притоа изјави дека неговата одлука ќе ја врати во сила и дека таквата одлуката ќе биде поништена.

Апелациониот суд во Сан Франциско го одби барањето и побара од сојузната држава Вашингтон и од администрацијата на Доналд Трамп да достават повеќе аргументи до понеделник попладне.

Доналд Трамп на 20 јануари стапи на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави и во текот на првата недела од својот мандат стави потпис на 15 уредби, кои ги вети за време на предизборната кампања.

Меѓу другото, потпиша претседателски декрет со кој привремено е суспендиран влезот на бегалци и граѓани на таканаречените „земји поврзани со тероризмот“, меѓу кои се Ирак, Либија, Сирија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен.