Доцна вчера романската влада одлучи да го  поништи контроверзниот декрет за декриминализација на корупцијата, но протестите не стивнаа.
Околу 300.000 луѓе излегоа на улиците со повик дека сакаат не само промени во законите, туку и оставка на владата.

На денешните демонстрации низ повеќето градови се очекува да се соберат повеќе од 500.000 луѓе.

Синоќа премиерот на Романија  во телевизиско обраќање, изјави дека декретот на владата за амнестија и внесување на измени во Кривичниот и кривична постапка, кои предизвикаа големи протести во земјата, ќе биде поништен.

Додека премиерот се обраќаше, некои од демонстрантите на плоштадот пред зградата на владата, кои според податоците на полицијата биле 170.000, извикуваа: “Оставка, оставка!” “Ние се разбудивме!”