Самостојна изложба „Еве го човекот“ од Стефан Младеновски

Сподели

На 20 август, петок, во Уметничката галерија на ЛУ Градски музеј од Крива Паланка ќе биде отворена самостојната изложба „Еве го човекот“ од истакнатиот уметник Стефан Младеновски, како завршен настан од Алтернативниот мултимедјален фестивал „ГИГА Фест“.

Изложбата се состои од 50 дела на хартија, создадени во последните две години , кои претставуваат заокружување на еден тематски циклус.

Настанот ќе биде придружен со музичкиот перформанс на Ади Имери и Александар Бошков, едни од најзначајните македонски гитаристи, кои оставаат длабок печат на македонската музичка сцена.    Стефан Младеновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика, во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски и е магистер по графика.

Добитник на три национални награди за графика, а досега реализирал 8 самостојни и над 30-тина групни изложби во земјава и странство. Важи за перспективен, атрактивен и талентиран автор, кој е дел од помладата генерација графичари во Македонија, а од 2020 година е и член на ДЛУМ. Иако е графичар, во последно време се повеќе е посветен на цртежот, и е меѓу ретките кој успешно го афирмира овој ликовен израз, подзаборавен во современата македонска уметност.