Денеска полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина, извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир.
При контролата било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни.
По консултација со јавен обвинител, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци.