Санкциониран возач што возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Сподели

 

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково. Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.