Санкционирани 101 во Скопје – 12 без возачка, 7 за брзо возење

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12, 7 санкции за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз.

Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.