Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас…
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.