Санкционирани 115 возачи во Скопје

Сподели

 Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.