Санкционирани 245 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.