Санкционирани 257 возачи во Скопје – 34 без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 257 мерки, од кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 санкции за непочитување на брзината на движење, 20 за управување под дејство на алкохол, 8 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 18 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас, 57 за непрописно паркирање и 4 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.  

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.