Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 407 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 61 санкција за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.