Санкционирани 411 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 411 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 221 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 190 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.