Санкционирани се 1.009 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи.

Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 540 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 469 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.