Во текот на вчерашниот ден (13.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата надржавата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.