Санкционирани се 494 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 494 возачи.

Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час.

Притоа 223 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 271 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.