Санкционирани се 537 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 537 возачи.

Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 263 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.