СДС го напаѓа Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира

Сподели

Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи. 

Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани.  

Надлежните тоа го прават во рамки на законските овластувања. Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа.

Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите. 

За тоа каде е СДС се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија!

Едно е јасно, СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира. 

Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно!, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.