Со стотиците поднесени амандмани на Буџетот што е донесен токму од ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија уште еднаш потврди дека наместо за интересите на граѓаните, се грижеше единствено за криминалното богатење на партијата, а преку стотиците идентитчни амандмани кои до лани експерсно ги одбиваше, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие кон граѓаните и државата.
Ребалансот на Буџетот става крај на нереалните проекци и непродуктивните трошоци што претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ планирала да ги прави за луксузи, репрезентации, службени патувања и реклами на штета на граѓаните.
Со ребалансот се поправаат економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за реално придвижување на економијата и севкупен економски раст.