СДСМ: Арсовска да каже во кое својство Мицкоски преговара за набавка на автобуси?

Сподели

 

Градоначалничката Арсовска треба да одговори во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски најавува дека преговарал за набавка на нови автобуси за Град Скопје? – прашуваат од СДСМ.

Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски со кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкуловска и Груевски за набавката на „она на М“?

За сите овие криминални и корупциски набавки има предмети пред судовите.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните и за општините и не работат ништо, Мицкоски и 100 пати да прави скапи отчети не може да го сокрие овој факт.