СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година, се наведува во реакцијата на СДСМ по обвинението на ВМРО-ДПМНЕ, каде велат дека Филипче се крие и молчи, додека јавноста бара одговори за тоа како Филипче се стекнал со златна виза за Дубаи, која инаку се стекнува со инвестиции.