Долгиот и здодевен говор на Никола Груевски е пример за тоа што зборуваат изгубени политичари на коишто времето им поминало, а ги чека соочување со правдата и казната од граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ на обраќањето на лидерот на владејачката партија на 25. Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека со сценаријата за „напади со специјални средства“ што ги спомена денеска, Груевски покажал дека тој стои зад „срамното обраќање на лицето Ѓорге Иванов пред два дена“.
„Граѓаните знаат, криминалната структура на власт е најсериозната опасност за Македонија и најголемата опструкција за нејзината иднина! Нападите врз Специјално јавно обвинителство го потврдуваат стравот кај Груевски од враќањето на правдата и докажува дека тој стои зад сите хајки против оваа независна институција…На прво место во изминатите 10 години на Никола Груевски не му беше државата туку личното богатење на фамилијата, парцелите на Водно, провизиите, тендерите за споменици тешки 630 милиони евра. Затоа никој не му верува на Никола Груевски. Ниту чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ коишто се погласно зборуваат за негова одговорност“, стои во реакцијата на опозициската партија.
СДСМ: Груевски потврди дека стои зад срамното обраќање на Иванов