Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев со дела ја потврдува силната посветеност и реализација на мерки и политики за развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард, изјави денеска Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, е уште еден одлучен чекор на владата предводена од СДСМ за поддршка на економијата, нови работни места и подобар живот на сите граѓани.
Како дел од овој план, познат како ИПИ 2021 – 207, најавена е и голема странска инвестиција на „ЛИДЛ“ од Германија.
Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.
Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје.
Со влезот на “Лидл” – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.
Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа. “Лидл” значи и отварање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.
Следната, е големата инвестиција, домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.
Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 го трасираме патот кон раст и развој на македонската економија. Ова е сериозен план на инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија, соопштуваат од СДСМ.