Соопштение на СДСМ:
Граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска Влада за конечно да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите.
Тоа што новата Влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната ефтина тарифа на струјата и цел викенд ефтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети. Добро ќе живеат сите граѓани, а не само една фамилија.
Новата реформска Влада е неопходна и поради евро-интеграциските процеси на Република Македонија. Земјата е долго блокирана на овој пат и во изолација поради криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Личната корист на сметка на граѓанските државни интереси е причината поради којашто оваа мала група во врвот на ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски измислува непостоечки теми. Тие знаат дека партијата е веќе опозиција и дека правната држава ќе им ги скрати личните бенефити. Тоа го знае и членството на ВМРО ДПМНЕ кое сега треба да реагира и да покаже дека им се важни граѓаните, а не заштита на криминалот.
Тоа мора да го направи и Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот за сставување на Влада. Новиот претседател на Собранието го информираше Иванов дека има легитимно палраментарно мнозинство и Иванов е должен да го почитува Уставот.
Македонија оди напред. Мнозинството граѓани одбра промени и гласаа за Програмата на новата Влада која ја шитит унитарноста и носи живот за сите и која ја има поддршката од домашната и меѓународната јавност.
Формирање нова Влада и спроведување на реформските приоритети е врвен државен интерес и секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон.
Апелираме до сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта.