СДСМ: Миноски сака да ги задолжи граѓаните со нови 4.1 милион евра, итно е потребна нова Влада

Сподели

Порачуваме дека Кирил Миноски е должен да излезе и да им објасни на граѓаните за што сака да ги задолжи со нови 4.1 милион евра.

Најавеното задолжување од овие 4.1 милион евра доаѓа само ден откако Министерството за финансии реализираше аукција за подмирување на доспеаните обврски.

Денеска од Министерството за финансии е најавена нова аукција за вторник, со којашто се побаруваат нови 4.1 милиони евра, иако следната недела според календарот на доспеани хартии од вредност, не стасуваат долгови за враќање!

Нетранспарентните и неконтролирани задолжувања на товар на граѓаните и идните генерации се уште една причина зошто мора итно и брзо да се формира новата реформска Влада, којашто ќе ја врати контролата и транспарентнста во раководењето со јавните финансии.

За сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе има одговорност“ стои во соопштението на СДСМ.