СДСМ: Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба – избори нема да има

Сподели

 

Димитар Ковачевски, најави дека откако ќе се формира новата влада ќе има средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Пратеникот Антонијо Милошоски изјави дека доколку добие Мицкоски покана за средба со Ковачевски таа ќе биде прифатена под услов да се разговара за предвремени избори.

 
На оваа изјава со соопштение денеска реагираа од СДСМ:
 
“Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба. Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. 
 
Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми. Избори значат нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија. 
 
Покрај ова, новата владата предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски има полн капацитет и целосен легитимитет да го истера мандатот до крај, односно до 2024 и оттаму избори не се во план” – информираат од СДСМ.