„Пералницата за пари, преку спомениците вредни повеќе од 630 милиони евра, не запира со голтање на народните пари. Најновиот ревизорски извештај за работата на Град Скопје за 2015 година, упатува на бројни злоупотреби“, обвини Александар Наумовски, претседател на градскиот одбор на СДСМ.
„Надлежните институции молчат, го кријат криминалот. Јасно е дека во Македонија не функционираат институциите, сите се ставени во функција на партијата на власт. Поради тоа народот е на улиците, барајќи правда, борејќи се за слобода и за демократија. Јавното обвинителство не смее да чека, туку веднаш треба да побара одговорност од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Извештајот констатира пробиени рокови, неуплатени гарантни суми на изведувачите, безброј анекс-договори, омилени за ВМРО-ДПМНЕ, со кои се зголемува основната вредност на објектите и се перат пари, склучени договори со еден изведувач, потоа раскинат договор и избран на половина работа друг изведувач, нови фантомски договори за непредвидени работи во висина од милион евра“, вели Наумовски.
Тој додава дека ова е уште еден доказ дека неуставната аболиција на претседателот Иванов е по нарачка на Никола Груевски и дека мора да биде целосно повлечена.
СДСМ: Најновиот ревизорски извештај за Град Скопје покажува бројни злоупотреби