СДСМ: Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните во вториот круг!

Сподели

На фер, слободни и демократски избори победи Стево Пендаровски во првиот изборен круг.

Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот Заедно Напред во вториот круг, на 5-ти мај.

Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати се сплотени околу концетот на Стево Пендаровски за напредок и заедиништво.

Во вториот круг, граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот, ќе го поддржат концептот кој води кон НАТО и ЕУ!

Уште повеќе граѓани ќе се приклучат кон победата на Пендаровски!

Продолжуваме заедно напред! – стои во соопштението на СДСМ.