СДСМ со листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе калкулира уште некој ден

Сподели

izbori_2016_s

До петок на полноќ политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници затоа што на полноќ на 11 ноември истекува рокот за пријавување. Дотогаш ќе трае и увидот во Избирачкиот список.

Вчера, на партиски конгрес, Социјалдемократскиот сојуз ги утврди комплетните кандидатски листи со кои ќе настапи на предвремените парламентарни избори, а претходно тоа го направи и Демократската партија на Албанците, чиј лидер, Мендух Тачи, е носител на кандидатската листа во шестата изборна единица.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека законска обврска е да ги достават листите до петок на полноќ (11 ноември), а за тоа како ќе ги промовираат, ќе се знае наредните денови.

Еве што уште остана да се сработи за изборите на 11 декември:

  • 11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
  • 18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
  • 21 ноември – Почнува изборната кампања, која ќе заврши на 9 декември 2016 година во 24 часот;
  • 22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • 27 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;
  • 11 декември – Предвремени парламентарни избори.

meta.mk