Како што им станува јасно на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат да ги одбранат криминалците, така се повеќе расте нервозата во белиот дворец.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.
Стеванаџија бесрамно и скандалозно шири говор на омраза и заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои од имаат различни ставови од него.
Таквото однесување на Димитар Стевананџија покажува дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и затоа тој мора веднаш да си поднесе оставка.
Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото оденсување на нивниот пратеник Стевананџија.
СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став. Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.
Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците – стои во соопштението на СДСМ.