– Буџетот за 2017 година што го одобрија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието, ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија, пишува во соопштението на СДСМ.
„Нагласуваме дека владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори. Оваа влада не смее да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра.“
Од партијата велат дека СДСМ нема да дозволи исплатата на сите тековни трошоци, плати, пензии, субвенции, социјални трансфери, на ниеден начин да биде загрозена.