Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 21. Конгрес. Конгресот ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 14 часот.
Медиумите ќе имаат можност да го проследат првиот дел на Конгресот. Потоа ќе следува работен дел. Крајот на Конгресот ќе биде повторно отворен за медиумите.
За работа на медиумите за време на отворените делови, ќе биде обезбедено прес катче во салата каде што ќе се одржува Конгресот. За време на работниот дел на Конгресот, за медиумите е обезбедена посебна просторија.