Се одржа „Турлитава – Заедно е послатко!“

Сподели

 

Со цел да се одбележи Светскиот ден на културните различности, Хелсиншкиот комитет за човекови права, во петокот (19 мај) по седми пат го организираше настанот „Турлитава – Заедно е послатко!“ поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

 

 

Преку обраќања на извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, како и со музика и разновидни вкусни традиционални јадења покажавме дека различностите поврзуваат и надополнуваат.

Различностите се „зачинот“ што го прават животот подобар и побогат. Заедно е послатко.