Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи се превртел кај Петровец, на пистата на скопскиот аеродром. Од МВР потврдија дека хеликоптерот по слетувањето се превртел најверојатно поради силните налети на ветрот. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти.
МВР најави повеќе детали за падот на хеликоптерот во текот на денов.
“Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди”, напиша Чулев.
Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.
“Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди”, – изјави министерот на МВР, Наќе Чулев.